Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Соопштенија за јавност  | 12.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите, а поврзано со истрагата во јавноста позната како „Плацеви на Водно“. Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 12.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главаната расправа за предметот со К.бр. 930/18 во јавноста познат како „Комисија“, Основниот кривичен суд – Скопје информира дека судењето насрочено за 14.05.2021 година се одлага заради отсуство на една од обвинетите за која судот има добиено известие дека се наоѓа на службено патување. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 07.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - обновено

    Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за двајца од обвинетите во предметот со К.бр. 1181/21 од надлежното јавно обвинителство означен со работен наслиов „Двојник“ кои на денешната главна расправа ја призна вината за кривичното дело кое им се става на товар. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 05.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Основниот кривичен суд Скопје, ја објави пресудата за петмина од обвинетите во предметот со К.бр. 996/21, од Основно јавно обвинителство означен со работен наслов „Двојник“, кои на денешното отпочнување со главната расправа ја признаа вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 05.5.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 817/11 од обвинителството означен како „Маџар телеком“, ја информираме јавноста дека денешното судење се одлага заради здравствени пречки кај член на судечкиот совет. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 29.4.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 04.05.2021 година се презакажува заради добиено решение за изолација, а по добиен позитивен тест на вирусот Ковид – 19 кај еден од обвинетите. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 26.4.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Главната расправа за предметот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“ насрочена за 27.04.2021 година се одлага заради остсуство на член на судечкиот совет, за што странките се веќе известени. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 23.4.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20, поврзан со настаните во Собранието на РМ од 27 април 2017 година, насрочена за 26 – ти – 27 – ми, 04,2021 година, се одлага заради изолација поради вирусот Ковид – 19 на член на судечкиот совет. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 23.4.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека главната расправа по предметот со К.бр.2616/20 во јавноста познат како „Моќник“ насрочена за денеска (23.04.2021 г.) се одлага заради смртен случај во семејството не еден од обвинетите. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 22.4.2021 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 57/17 од обвинителството oзначен како „Топлик“, ја информираме јавноста дека утрешното (23.04.2021 г.) рочиште се одлага заради добиени решенија за изолација поради вирусот Ковид – 19 на судија – поротник и еден од бранителите. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_