Сите вести
ActionsВести
-
Соопштенија за јавност | 04.10.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. од ноември 2023 – та година, ја известуваме јавноста дека: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 11.9.2024 | Основен суд Скопје I
ЈАВЕН ОГЛАС бр.4/24 за 20 судии - поротници
Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 53 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РСМ“ број 102/2019), Основниот кривичен суд Скопје објавува: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 02.9.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љ.П. осомничен за две кривични дела – Убиство и две кривични дела – Грабнување, а поврзани со убиството на малолетната В.Ѓ од Скопје и Велешанецот П.Ж. во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 02.9.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје, по добиени повеќе барања, ги известува сите заинтересирани странки дека списите од предметот познат како „Змиско око “, од 02.02.2024 година е доставен на надлежно постапување во Врховниот суд на РСМ заради одлучување по добиено барање за судење во разумен рок. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 21.8.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид , како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ Мавровка, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. [повеќе] -
Новости | 19.8.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ФАКТИ ВО ВРСКА СО ЕКСТРАДИЦИОНАТА ПОСТАПКА НА ЛИЦЕТО Блерим Рамадани [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 15.8.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител, осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 3 години за кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито влијание за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10 години. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 30.7.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 26.7.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 26.07.204 година достави Предлог за одлагање на закажана главна расправа за предметот со К.бр. 1339/24, насрочена на 30.07.2024 година, а поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 16.7.2024 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, На главната расправа за предметот со КОК бр. 61/24, познат како „Синџир“, одржана на 15.07.2024 година, 4 физички и 4 правни – обвинети лица во предметот, го искористија Законски дозволеното право да ја признаат вината за кривичните дела кои им се ставаат на товар. [повеќе]