Сите вести
Вести
-
Соопштенија за јавност | 13.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста, дека предметот со КОК.бр. 11/23, од обвинителството означен како „Таргет/тврдина“, по исполнување на условите, односно добиени жалби и одговор на жалби во однос првостепената пресуда, е доставен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 07.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 06.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 05.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад живот при сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 05.2.2025 | Основен суд Скопје I
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2025 за вработување
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2025 за вработување на определено работно време [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 04.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување присуство против 6 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а приведени во меѓународната акција со кодно име „Вардар“ , по произнесување на обвинителот и обвинетите во присуство на нивни бранители донесе решенија со кои: [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 03.2.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека предметот со КОК 117/24 поврзан со групата приведена во с. Грчец, насрочена за 04.03.2025 година во 09:30 се одлага за 28.02.2025 во 10:00 часот, бидејќи КПУ Затвор Скопје го извести судот дека не е во можност да ги спроведе обвинетите поради откажување на асистенцијата од МВР. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 31.1.2025 | Основен суд Скопје I
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со сообраќајната несреќа на булеварот Партизански одреди во која едно лице го загуби животот, ја информираме јавноста дека Судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден, по произнесување на Јавниот обвинител и осомничениот В.Ј., го прифати предлогот и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото. [повеќе] -
Соопштенија за јавност | 31.1.2025 | Основен суд Скопје I
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2025
Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 53 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РСМ“ број 102/2019), Основниот кривичен суд Скопје објавува: ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2025 за избор на 20 судии поротиници [повеќе]