СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  14.1.2020
Во однос на предметот со КОК 66/17 познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради промена на судечкиот совет, односно поднесена остава на еден судија – поротник, а во брзо време и истек на мандат на друг судија - поротник, со назначување нови како и дополнителни - резервни поротници, главната расправа формално почна одново, а продолжи со изведување нови докази.

Имено, заради ефикасност на постапката, начелото за судење во разумен рок и пред  се Уставно загрантираните права и обврски на обвинетите и оштетните во постапката, одбраната се согласи наместо повторно изведување на доказите, судењето да почне формално од почеток само со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи онаму каде и претходно застана, а тоа е со изведување на нови докази и сослушување нови сведоци.

На овој начин судот, во согласност со одбараната, а постапувајќи според Законските одредби не дозволи дополнително одолговлекување на постапката, што е од интерес пред се на обвинетите и оштетените во предметот.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_