СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  25.2.2019
Промоција на Медиа центарот во рамки на Основниот суд Скопје 1 - Скопје.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска беше промовиран Медиа цетнарот на судот, наменет за претставниците на медиумите кои ја следат работата на судот, а е опремен благодарение и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Центарот е опремен со шест компјутери, библиотека со сручна литература  и аудио и видео опрема за следење на судењата во Судница 1 каде се одржуваат најголем дел од главните расправи кои се од интерес на јавноста.

Медиа центарот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје е прв ваков центар кој функционира во една правосудна институција,  а е во рамки на заложбите на судот за поголема транспарентност и отвреност со медиумите и невладините организации како претставници на јавноста.

По тој повод свое обраќање имаа претседателот на судот, судија Иван Џолев и амбасадорот Клеменс Која - шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој  ја истакна заложбата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за унапредување на односите со јавноста како пример за останатите правосудни органи.

Воедно беше промовирана и Стратегијата за развој на транспарентноста, објавена во електронска форма на веб страницата на судот во делот Публикации – Збирки. Стратегијата е почетен докуемнт за развој и понатамошно градење на односите на судот и медиумите, а сите сугестии во врска со стратешкиот документ за подобрување на овие односи се добредојдени.

Денешната промоција е заокружување на проектот на судот со Мисијата на ОБСЕ во Скопје за јакнење на односите на судот со јавноста при што беа објавени и информативни двојазични табли и брошури наменети за запознавање на граѓаните за нивните права и обврски.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_