СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
28.4.2023
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за повторената постапка по предметот со КОК 63/23 познат како „Организатори 27 ми април“ е насрочена за 09.05.2023 година во 11:30 часот, за што веќе се испратени покани до странките во постапката.
Медиумите кои ќе ја снимаат и фотографираат расправата, навреме да обезбедат решенија за снимање и фотографирање од надлежниот Врховен суд на РСМ со новиот број на предмет.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.