РЕАКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

РЕАКЦИЈА НА ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

Соопштенија за јавност  |  13.11.2023
Во однос на Јавната реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот со КОК бр 24/21, од обвинителството означен како „Тарифа“, според која судијата преземал дејствија со кои „се отвора патот за констатирање суштествени повреди на ЗКП“, Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека:

Кривичниот суд се залага за отворена и професионална соработка со невладиниот сектор особено со Коалицијата со кој досега сме реализирале бројни успешни проекти. Но, не се согласува со ваквиот начин на комуникација со оглед да судијата во конкретниот случај постапувал исклучиво според Законските одредби, но и воспоставената пракса која со измените во Кривичниот законик беше применета и во други предмети. Истакнуваме дека судијата во никој случај не извршил преквалификација на кривичните дела туку заради економичност и целисходност во постапувањето, по службена должност само констатирал дека  обвинителниот акт добива третман на обвинителен предлог, односно водел сметка за составот на советот кој постапува по предметот без да навлезе во диспозитивот на обвинителниот акт, а согласно измените во КЗ. Постапувањето на судијата, ценејќи ги измените во КЗ, е во корист единствено на страниките во постапката и спречување на недозволени – административни одолговлекувања.

Реакцијата е несоодветна, дотолку повеќе што се работи за постапка во тек за која повисокиот – Апелационен суд Скопје, е надлежен да цени евентуални суштествени повреди, по изјавени жалби на странките, а како што и самите набљудувачи кои ја следат расправата се уверија, странките воопшто не реагираа на ваквиот начин на постапување на судијата.

Заради сето тоа, како суд бараме продлабочување наместо нарушување на комуникацијата со невладиниот сектор, кој е добредојден да следи и анализира судски одлуки, но нивните реакции не треба да доведат до погрешно инфорирање на јавноста што може да доведе до негативни заклучоци за работата на судот, особено во неправосилни одлуки.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_