СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Претседателот на судечкиот совет на одделение за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапува во предметот КОК бр. 40/17, оформен по поднесен и одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО ), од обвинителството означен како „Триста“, постапувајќи по поднесена жалба на одбраната на обвинетиот против решението со кое е одобрен обвинителниот акт, донесе решение дека жалбата се отфрла како неоснована со образложение дека во делот на правната поука е наведено дека против ова решение не е дозволено право на жалба.
Советот за оценка на обвинителен акт на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапува во оценка на обвинителниот акт на СЈО во предметот со КОК – ООА бр.
19/17 од обвинителството означен како „Трезор“, постапувајќи по приговори на тројца од обвинетите во предметот поднесени против обвинителниот акт, а изјавени преку нивните бранители, донесе решение со кое приговорите ги отфрли како недозволени.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.