СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  20.10.2017
Претседателот на судечкиот совет на одделение за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапува во предметот КОК бр. 40/17....

              Претседателот на судечкиот совет на одделение за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапува во предметот КОК бр. 40/17, оформен по поднесен и одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО ), од обвинителството означен како „Триста“, постапувајќи по поднесена жалба на одбраната на обвинетиот против решението со кое е одобрен обвинителниот акт,  донесе решение дека жалбата се отфрла како неоснована  со образложение дека во делот на правната поука е наведено дека против ова решение не е дозволено право на жалба.

Советот за оценка на обвинителен акт на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапува во оценка на обвинителниот акт на СЈО  во предметот со КОК – ООА бр.

19/17 од обвинителството означен како „Трезор“, постапувајќи по приговори на тројца од обвинетите во предметот поднесени против обвинителниот акт, а изјавени  преку нивните бранители, донесе решение со кое приговорите ги отфрли како недозволени.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_