СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерс на медиумите за предметот со КОК 38/16, познат како „Змиско око“, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа беа дадени завршните зборови од сите 53 обвинети и нивните бранители.
Воедно за овој предмет беа оформени и 10 други раздвоени предмети за кои исто така во изминатиот период беа дадени завршните зборови од странките, со што формално е завршена главната расправа, која прв пат, по прием од надлежниот судечки совет, беше насрочена во јануари 2018 – та година, откако со одлука на Апелациониот суд Скопје предметот беше вратен на првостепено одлучување.
Заради обемноста на изведениот доказен материјал и завршните зборови, судот дополнително ќе закаже термин за објава на пресудата за која странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.