СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд – Скопје ги повикува сите граѓани родени на територија на град Скопје кои ќе аплицираат на огласот на Министерството за внатрешни работи за 600 полицајци, навреме да поднесат барање и да обезбедат Потврда дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, која е неопходна за аплицирање на огласот.
За добивање на наведената потврда, потребно ви е лично Вие, друго лице со ваше полномошно заверено на нотар или адвокатско полномошно да поднесе барање на шалтерот за Потврди/Уверенија кој се наоѓа во старата зграда на судот, заедно со ваша лична карта или патна исправа и копија од истата и да уплати 320 денари – буџетска такса со картичка на пос – терминал или уплатница. Шалтерот работи секој работен ден од 08:00 часот до 14:30 часот со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, а Потврдата се издава за три работни дена од денот на поднесување барање.
Со почит Основен кривичен суд – Скопје.