ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2019 за вработување на неопределено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2019 за вработување на неопределено време

Известувања  |  30.8.2019
Врз основа на чл.3 ст.2, чл.17 ст.1, чл.20 и чл.25 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018 и 248/2018), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл.весник на РМ“ број 236/2018), чл.23 од Законот за работните односи (Пречистен текст) („Сл.весник на РМ“ бр.167/15) и издадената согласност за пополнување на слободни работни места од судски буџетски совет, Основниот кривичен суд Скопје објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2019

за вработување на неопределено време и тоа:

-2 (два) судски службеници за следниве работни места

  1. Категорија Г, ниво Г 3, судски референт – дактилограф,    1-еден извршител

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

-најмалку вишо или средно образование

-Работно искуство:

-најмалку 1 година работно искуство

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба (Сл.Весник на РСМ бр.43/2014 и бр.198/18)

Основна нето плата 16.400,00 денари; Работни часови неделно: 40; Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневана пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

  1. Категорија Г, ниво Г4, помлад судски референт-доставувач-1-еден извршител

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

- најмалку вишо или средно образование

-Работно искуство:

-со или без работно искуство

-Посебни работни компетенции:

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба (Сл.Весник на РСМ бр.43/2014 и бр.198/18)

Основна нето плата 15.200,00 денари; Работни часови неделно: 40; Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневана пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

-1 (едно) лице кое врши технички и помошни работи на следното работно место:

  1. Одржувач на хигиена- 1-еден извршител

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

Стручни квалификации:

-основно или средно образование

Работно искуство:

-со или без работно искуство

Основна плата 12.400,00 денари;

Работни часови неделно: 40;

Работно време: од 07:30 до 15:30 часот;

Дневен одмор (пауза): од 11:00 до 11:30 часот

Работни денови: од понеделник до петок;

Времетраење на работниот однос: неопределено

Заинтересираните кандидати за сите работни места покрај наведените посебни услови, предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје, треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 став 1 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/14) и тоа:

-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Рокот за пријавување на кандидатите на јавниот оглас е 15 (петнаесет) дена, од денот на неговото објавување во дневните весници. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати за работните места под реден број 1 и 2 се должни да поднeсат пополнета пријава (образец објавен во Службен весник на РМ број 236/2018) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, преку пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, бул.Гоце Делчев б.б., 1000 Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр.2/2019) или преку архивата на судот. Пријавите за вработување може да се подигнат и во приемното одделение на судот, секој работен ден од 08,30 до 14,30 часот.

Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.  

Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот кривичен суд Скопје.

Заинтересираните кандидати за работното место под реден број 3 се должни да поднесат молба за вработување (CV и писмо за мотивација) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или заверени на нотар.

Кандидатите се должни во молбата  да наведат целосни, прецизни и точни податоци со задолжително наведување на име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, работното место и број на оглас за кои кандидатот се пријавува, e-mail адреса како и телефонски број за контакт.

Ненавремени и неуредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

По истекот на рокот за пријавување, изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во чл.23 ст.2 од Законот за работните односи.

Кандидатите молбата за вработување (CV и писмо за мотивација) можат да ја поднесат во писмена форма преку архивата на Основниот кривичен суд Скопје или по пошта на адреса бул.Гоце Делчев б.б., Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр.2/2019).                                                                   

                                                                                 ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_