СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  16.5.2018
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ...

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на О.П., опфатен со обвинителниот акт поврзан со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, донесе решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката притвор со понудена гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување присуство во текот на постапката на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазилвост и тоа: Обврска на обвинетиот да се јавува еднаш неделно на одговорно службено лице во судот  и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Воедно Кривичниот совет постапувајќи по предлог на одбраната на обвинетиот Е.Т. обвинет во предметот со КОК . бр 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, донесе решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката куќен притвор со понудена гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката куќен притвор ќе се укине и се уважува предлогот на СЈО со кој заради обезбедување присуство во текот на постапката му се определуваат мерки за претпазливост и тоа: Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Основен суд Ресен и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_