СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Студeнтите и средношколците имаа можност да се запознаат со работата на судската служба, стручните соработници, техничките услови за работа во судниците како и разговор со судија за начинот на водење на Кривичните постапки и сите предности и предизвици кои ги носи судиската финкција.
Отворениот ден на судот, е дел од заложбите на Кривичниот суд за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста како и соработка со невладиниот сектор, граѓанските асоциации и Правните факултети.
Денешниот настан е и повод како суд да упатиме апел до сите студенти по право да ја искористат можноста за волонтирање и стажирање во рамки на Кривичниот суд, како место каде може да се стекнат со основното знаење и искуство за работа и градење кариера во правосудниот систем.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.