СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  03.5.2019
До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден е доставен предлог за определување мерка притвор за едно лице – судија во Управен суд на Р.С.М. ...

I.

До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден е доставен предлог за определување мерка притвор за едно лице – судија во Управен суд на Р.С.М. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в. со ст.3 и в.в. со ст.1.

Со оглед да се работи за судија кој се повикал на правото на судиски имунитет, до Судскиот совет на Р.С.М., како надлежен орган,  е доставено барање за одобрување мерка притвор, имајќи го во предвид правото на судиите во вршење на судската функција и уживање имунитет, а согласно член 100 од Уставот на Р.С.М. во врска со амандманот 27 и 29 и член 65 од Законот за судови.

Откако Судскиот совет ќе се произнесе по барањето на  Кривичниот суд , судија на претходна постапка ќе одлучува, а странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

II.

Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека пресудата за предметот со КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „ Титаник 2 “,објавена на јавна расправа на 08.03.2019 година, е писмено изработена и експедирана до странките кои по приемот на истата имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 – Скопје до Апелациониот суд – Скопје, а во меѓувреме пресудата е во фаза на преведување и на Албански јазик.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_