СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  16.11.2023
Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со судиите на Основниот кривичен суд Скопје кои на 464 – та седница на Судскиот совет на РСМ беа избрани за судии во Апелациониот суд Скопје, ја информираме јавноста дека:

Основниот кривичен суд Скопје денеска се обрати до Судскиот совет на РСМ со барање судијата Александра Ристеска која, меѓу другото, постапува и како член на совет во предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај с.Ласкарци да биде времено делегирана во Кривичниот суд се до објавување на првостепената пресуда за конкретниот предмет. Судењето за автобуската несреќа кај с.Ласкарци е во фаза на завршни зборови за што веќе се насрочени четири продолженија во текот на тековниот и следниот месец. Барањето е со цел економичност и целисходност на постапкта како и спречување на непотребни одолговлекувања имајќи предвид дека со промена на судечкиот совет предметот може да почне од почеток со изведување на сите вербални и писмени докази како и сите вешти наоди.

Воедно судот бара од Судскиот совет на РСМ во најкус рок да делегира најмалку тројца судии и тоа во одделот за Кривично полнолетни, одделението за Организиран криминал и корупција и одделението за Претходна постапка каде до овој момент постапуваа тројцата судии. Судот со заминувањето на тројцата судии, заради нивниот избор во Второстепен суд, и претходното престанување на судиската функција на 5 судии во текот на 2023 – та година како и делегирање во друг суд на 6 од 10 – те ново избрани судии во текот на изминатата година, Основниот кривичен суд останува со 42 судии, што може да ја доведе во прашање ажурноста на судот и надминување на приловот на нови предмети, имајќи предвид дека на годишно ниво судиите постапуваат по 215.000 предмети.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_