СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје ги повикува медиумите, кои ќе ја следат и известуваат од кривично – правната постапка за предметот поврзан со пожарот во Кочани, на 12 – ти ноември 2025 – та година во 10:30 часот да присуствуваат на брифинг со В.Д. Претседателот на судот и претставници на Јавното обвинителство на РСМ, во однос на техничките предизвици и организациската поставеност во однос на текот на судењето.
Брифингот ќе се одржи во судницата во КПУ Идризово, каде на 19.11.2025 година е насрочен почеток на главната расправа за конкретната постапка, па заради тоа се повикува од секој медиум, кој е заинтересиран да го проследи брифингот, да присуствува во по еден новинар кој понатаму ќе известува од самото судење.
На брифингот не е предвидено снимање и фотографирање.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.