СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  15.4.2022
Основниот кривичен суд Скопје, во целост го почитува Уставно загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и вољата да го изкаже своето незадоволсвто.

Но, јавноста мора да знае дека, во конкретниот случај, судот изрекол првостепена пресуда која сеуште не е правосилна и која ќе подлежи на проверка од повисоките судови во жалбена постапка. Судот, кој во духот на транспарентно и отчетно работење, овозможи присуство на сите медиуми за време на судскиот процес и директно емитување на објавата на пресудата, токму заради навремено и прецизно информирање на јавноста пред се за да се пресретнат евентуални лажни вести и шпекулции поврзано со конкретниот процес.

Како  што и Претседателот на судечкиот совет соопшти на објавата на пресудата, судот при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките Законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата. Но, воедно судот бил должен да ги земе во предвид и олеснителните оконости дека се работи за признание на вина од страна на обвинетиот, неговата возраст и околностите под кои е сторено делото, односно колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати. Токму заради тоа конкретната пресуда неможе да се компарира со други, веќе правосилни пресуди, каде се изречени условни казни или казни од над 7 години.

                Ниеден загубен човечки живот не може да биде надомесетен со било каква судска пресуда, па заради тоа и судот изразува сочуство до семјеството. Но, како што веќе наведовме, судот е должен да се води од Законските ограничувања за одмерување на казната. Заради тоа ги повикуваме странките кои се незадоволни од постапката да го искористат своето право на жалба пред Воторстепениот суд каде ќе ги изјават своите гледишта и барања поврзани со пресудата.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_