СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  27.12.2022
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека денеска, непосредно пред почетокот на главната расправа за предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај с. Ласкарци , во судот беше доставен предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење од Бирото за судски вештачење каде предметот беше испратен на супервештачење пред една година.

Примерок од вештиод наод и мислење на денешната главна расправа, од страна на судечкиот совет, им е доставен на Јавниот обвинител и обвинетите во постапката, преку нивните бранители, за нивно запознавање. Судењето ќе продолжи на 24.01.2023 година кога формално треба да почне од почеток заради проток на 60 дена, за што постои и согласност од странките, за потоа да бидат повикани на сослушување и вештите лица кои го изработија наодот, со што доказната постапка ќе биде завршена и ќе се изведат завшрните зборови на странките пред објавување на првостепена пресуда.

Воедно судечкот совет, во согласност со странките, насрочеи 7 термини во текот на јануари и февруари 2023 – та година со цел забрзана динамика на постапката.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_