СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  04.7.2017
ВД Претседател на Основен суд Скопје 1 – Скопје. На ден 03.07.2017 год. судиите од Основениот суд Скопје 1 - Скопје одржаа седница на судии која ВД Претседателот на судот ја закажа најмалку 8 дена пред денот на одржувањето, а согласно одредбите од Судскиот деловник. На закажувањето и одржувањето на седницата претходеа следните активности:

Во текот на месец мај и јуни оваа година судиите одржаа состаноци на кои ги истакнаа потребите од измени во распоредот за работа. На состаноците судиите ја истакнаа потребата од зголемување на бројот на судии во областа на претходна постапка поради заминување на еден судија  во пензија и потребата, во таа област, да се обезбедува секојдневно дежурство.

Судиите од областа на извршување санкции истакнаа потреба за зголемување на бројот на судии кои ќе постапуваат по тие предмети бидејќи бројот на предмети од тој вид до месец Јуни е зголемен за 20% во однос на бројот на предмети од тој вид на почетокот на годината.

Судиите од областа на прекршоци –сообраќај истакнаа дека не им е потребно зголемување на бројот на судии бидејќи во таа област, како и по сите видови прекршоци, бројот на предмети е намален за 5000 предмети или 1/3 во однос на бројот на почетокот на годината.

Имајќи ги во вид предлозите и мислењата на судиите  како и анализата која тој ја направи ,ВД Претседателот на судот го измени распоредот за работа во таа насока.

Во однос на поделбата на предметите од областа на кривични полнолетни за постапување по стар и нов ЗКП прифатен е предлогот на судиите таквата поделба ,која е направена пред неколку години ,да престане со оглед на фактот дека поголем дел од старите предмети се решени, а и судиите кои постапуваат по стар ЗКП немаат доволен фонд на предмети за работа.

Поединечното распоредување на судиите е направено согласно нивните желби и по претходен разговор со нив и нивна согласност.

При измената на распоредот за работа се имаа во вид и содржините на приговорите кои судиите претходно ги имаа доставено до Врховниот суд на РМ на актуелниот распоред и голем дел од тие забелешки со оваа измена  се прифатени.

На седницата на судиите на ден 03.7.2017 год. сите присутни судии дадоа позитивно мислење за предложените измени во распоредот за работа.

На истата седница на судии е формирано и ново работно тело за управување со движењето на предметите во судот кое треба да ја анализира состојбата со движењето на предметите-прилив, решавање и заостаток - и да му дава предлози на претседателот на судот во врска со тие состојби.

Секое поврзување на измената на распоредот  за работа со поднесените обвиненија од страна на СЈО, изнесено во одредени медиуми, е израз на непознавање на текот на кривичната постапка и води кон дезинформирање на јавноста.

Со почит

ВД Претседател.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_