КОМЕМОРАЦИЈА
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
КОМЕМОРАЦИЈА
Судијата Доганџиски, од 1977 година, кога ја започна својата кариера како стручен соработник во судот па се до неговото пензионирање како судија во 2013 – та година чесно и посветено ја извршуваше својата функција. Зад себе остави бројни одлуки и пресуди од кои помладите судии и идните генерации на правници ќе можат да учат, а меѓу колегите ќе остане запаметен по неговиот авторитетен став во судницата, професионален однос со колегите, но пред се како човечен и лојален пријател.
По тој повод, Основниот кривичен суд Скопје ги повикува сите актуелни и поранешни судии, адвокат, јавни обвинители и судски соработници кои го познаваа и работеа со покојнот да се собереме на едно место и да му одадеме последна почит.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.