СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје, во рамки на заложбите за транспарентност и отчетност пред јавноста, отвореност пред медиумите и соработка со невладиниот сектор, ја објавува Благодарницата од Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ за успешно завршен заеднички проект за анонимизиација на судски одлуки.
Кривичниот суд, воедно се заблагодравуа на Коалицијата „Сите за правично судење“ и на анонимизирачите за нивниот професионален однос и посветеност во работењето. Со промоција на успешно завршените проекти, судот ги повикува сите граѓански асоциации, невладини организации и студентски здруженија кои имаат идеи за заеднички проекти со правосудните институции, да се обратат до Кривичниот суд Скопје за понатамошна соработка.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.