ДОПОЛНЕНИЕ НА СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ДОПОЛНЕНИЕ НА СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  30.11.2017
Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, беа спроведени две лица опфатени со предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција...

Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка  при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, беа спроведени две лица опфатени со предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М., за кои по произнесување на спроведените лица во однос на предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на М.М и С.М. им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Против овие неправосилни решенија, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Соопштение 29.11.2017

Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица, за кои по нивно произнесување во однос на предлогот на обвинителството, донесени се решенија со кои на лицата :

М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М. судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на:

С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј, им определи мерка куќен притвор.

Против овие неправосилни решенија, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција Пратеник во Собрание на Р.М., судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството  откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до Претседателот на Собранието на Р.М., додека за останатите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот сеуште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_