СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  20.5.2020
По повод денешниот on – line промотивен настан за презентација на Третиот преоден и последен проектен извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство изготвен од Мисијата на ОСЦЕ во Скопје, свое обраќање, а во однос на анализата и препораките за работењето на Основниот кривичен суд, имаше и Претседателот на судот, судија Иван Џолев кое обраќање го објавуваме во целост.

”Кога ја добив поканата да учествувам како говорник а про по третиот Извештај за активностите по предметите во надлежност на СЈО (кој патем е и последенИзвештај), не бев сигурен дали треба јас како претставник на Кривичниот суд (каде се водат сите предмети иницирани од СЈО) да говорам и дадам свој осврт за дадената тема.

            Сметам дека дилемата ми беше легитимна и оправдана имајќи предвид дека СЈО е странка во судските постапки. Па така анализата на нивното работење би претставувало на некој начин мешање на Судот во надлежностите на СЈО, што сметам дека во овој момент е најмалку потребно. Меѓутоа самиот факт што станува збор за последен Извештај, потоа куриозитетот дека дури на последниот Извештај Судот за прв пат е повикан за мислење или коментар, но и фактот дека Извештајот содржи и препораки за Судот, а конченои фактот дека јас како претставник на Кривичниот суд ќе зборувам исклучиво за судското постапување, а не за обвинителското (освен во една реченица за концепотот на СЈО), беше доволна провокација за мене, но и причина зошто ја прифатив поканата.

            Ја поздравувам аналитичноста и студиозноста на ОБСЕ, а следствено на тоа, и препораките од Извештајот кои беа упатени кон Обвинителството, адвокатите на одбраната, Кривичниот суд, но и законодавната и извршната власт. Она што импонира за Кривичниот суд е фактот што во Извештајот од 63 страни има изобилие на пофални зборови упатени на адреса на Судот и Судиите кои ги водат предметите иницирани од СЈО, но факт е дека има и по некоја критика, односно препорака согласно која Судот би требало уште повеќе да ги подобри своите перформанси.

            Извештајот го сметаме како исклучително важен и позитивен за Судот и сметаме дека претставува патоказ за тоа кон што треба да се стреми Судството.

            Сега најпрво би сакал една реченица да кажам околу концептот на СЈО, па ќе продолжам со Судот.

            Апсолутно го поддржувам концептот на СЈО. Сметам дека ако не постоеше, сега ќе требаше да го измислиме, без разлика на реалноста на СЈО, без разлика што сега многу негови критичари, скептици, како и многумина засегнати, ликуваат за судбината на СЈО.Сепак, лично сметам дека едно така конципирано и независно Обвинителство беше, а верувам дека и во иднина ќе и биде потребно на РСМ. Се разбира, со видоизменета надлежност, но со основна и примарна цел да ги гони недопирливите, независно дали тие се дел од власта, од опозицијата, дали се влијателни бизнисмени или сива еминенција. Во таа смисла сметам дека Јавното обвинителство на РСМ може да се угледа и да ги преслика позитивните активности на досегашното СЈО и доследно да ја продолжи нивната работа.

            Сега ќе зборам за Извештајот општо, за критиките и препораките упатени кон Судот и судските постапки.

            Најпрво, сакам да истакнам забелешка за која сметам дека е суштинска, а се однесува на временскиот опфат кој што го третира Извештајот (од месец декември 2018 година до месец јануари 2020 година). Имајќи предвид дека Извештајот е насловен како последен, а постапките иницирани од СЈО сеуште сите не се завршени, сметам дека е целисходно Извештајот да се однесува и на периодот по месец јануари 2020 година, заклучно со денес, дотолку повеќе што токму во овој период дел од предметите на СЈО добија и своја завршница пред овој Суд. Во таа смисла бројките кои што подоцна ќе ги изнесам, а се однесуваат на бројот на завршени предмети во овој Суд, бројот на одржани и одложени рочишта, видно ќе се разликуваат од бројките коишто ги има утврдено ОБСЕ.

            Единствена вистинска забелешка кон Извештајот која што ја има Судот е веројатно невидлива за другите читатели на Извештајот, но за нас таа има помалку девалвирачкото значење. Тоа е зборот „само“, кој во неколку наврати е употребен за работењето на Судот. Сметаме дека истиот можел наместо во негативна, да биде употребен во позитивна конотација. На пример, на страна 29, Подглавје 4, први ред, цитирам „За времетраењето на овој проект, само пет предмети ја добија својата судска разрешница“. Затоа Судот претпочита на зборот „само“ да му дадеме друга конотација, на пример „За само две години со вклучени две судски ферии, во овој Суд се решија повеќе од 50 % од поднесените обвиненија од СЈО, предмети кои беа со многубројни материјални и вербални докази“.

            Она на кое што посебно ќе обрнам внимание е Подглавјето 5 од Извештајот.

            Задоволство е да се констатира дека ОБСЕ во овој Извештај ја воочува реалната слика во судските постапки, како и заложбите на Судот за фер и ефикасно (брзо) судење. Впечаток е дека се она за кое што Судот се залагаше периодот наназад, а често пати и правно аргументираше со странките во постапката по однос на транспарентноста, обезбедувањето и споделувањето на доказите (за тоа чија е надлежноста за тоа), причините за одложувањата на судските рочишта, се детектирани и од страна на ОБСЕ кој во таа смисла упатува мноштво критики кон Обвинителството и кон адвокатите на обвинетите, посочувајќи ги истите како главни виновници за одолговлекувањето на судските постапки. Од друга страна, впечаток е дека ОБСЕ го вреднува Судот како орган кој инсистира и спроведува владеење на право и го посочува како заштитник на правата, особено на обвинетите, па во таа смисла ОБСЕ го опишува Судот како цитирам„Судот е сосема свесен за правата на одбраната и потребата да се обезбеди еднаквост на оружјето помеѓу странките“.

            Импонира фактот дека во Извештајот не постои ниту најмала критика кон Судот која се однесува на транспарентноста на судските постапки, на кое нешто како Суд сме посебно горди.

            Радува и фактот што заложбите на Судот по однос споделувањето на доказите со одбраната, сегмент за кој сите ќе се согласиме дека не е прецизно уреден во ЗКП, се идентични со перцепцијата и препораките од Извештајот на ОБСЕ, кои упатуваат дека тоа е должност и обврска на Обвинителството, а не на Судовите. Во оваа смисла ненавременото споделување, или несподелувањето на доказите, допринесе постапките да се одолговлекуваат, бидејќи се наметнуваше потребата пред започнување на судењата или пред започнување на доказната постапка, да е потребно да се обезбедат копии од доказниот материјалза одбраната, кој е навистина обемен, истиот да се преведе, достави на запознавање и проучување, па дури потоа судската постапка да продолжи.

            Судот се приклучува кон анализите на ОБСЕ кој ги детектира и посочува адвокатите на обвинетите како важни чинители за одолговлекување на постапките, бидејќи во ситуации кога судската постапка согласно одредбите од ЗКП требаше да почне одново, адвокатите беа тие кои секогаш инсистираа на повторно детално читање на обемните материјални докази и повторно повикување на бројните сведоци и нивно испитување, иако и самиот Закон во различни ситуации дава можност исказите на сведоците да се прочитаат.

            За траењето на постапките, Судот апсолутно се согласува со констатацијата на ОБСЕ дека голем допринос имаше и фактот што СЈО и одбраната непотребно предлагаа изведување на бројни вербални и материјални докази, без да биде целосно јасно што со истите се поткрепува и каква теорија на случај застапуваа.

            Точно е дека Судот има право да одбие дел од предложените докази, но во услови на намалена доверба во Судството, општиот амбиент но и постојаното етикетирање на Судството како партизирано, Судиите најчесто се решаваа да ги прифатат сите предложени докази, иако на тој начин се одолговлекува постапката. И покрај погоренаведеното, потребно е да се истакне дека сепак основна причина што Судот ги  прифаќаше скоро сите предложени докази беше почитувањето на правото на еднаквост на оружјето и овозможување на фер и правично судење. Впрочем, јасно е дефинирано и во ЗКП дека кривичната постапка се заснова врз активности на странките кои предлагаат и изведуваат докази, при што судењето се одвива како спор помеѓу странките со нагласена контрадикторност.

            Судот ја прифаќа критиката, односно аргументираната сугестија на ОБСЕ дека поцелисходно е доказната постапка да започне со изведување на вербалните докази, а дури потоа да се изведуваат материјалните докази. Сметаме дека сугестијата е практична и корисна бидејќи постојат ситуации кога некој сведок нема да се појави на судење,паво таков случајнаместо одлагање на рочиштето, би се преминало кон изведување на материјални докази.

 

Коментар за причините за одлагање.

Очигледна е посветеноста на Кривичниот суд за брзо и ефикасно водење на судските постапки. Ангажираноста на Судот особено околу постапките иницирани од СЈО е видлива и преку бројот на закажаните рочишта во текот на 2019 година.

Но ако можеме да бидеме задоволни со констатацијата на ОБСЕ дека Судот закажал голем број на судски рочишта-околу 350, горчлив вкус остава фактот дека дури 114 рочишта биле одложени.

Причините за одлагање се различни и честопати не зависат од Судот, па затоа јас ќе се произнесам само по однос рочиштата кои биле одложени по вина на Судот.

Судот не може да ја утврди точната бројка на одложени рочишта поради своја вина, иако ОБСЕ утврдува 22 такви случаеви. Сепак, сметаме дека е потребно да се разграничат две различни причини за одлагање кои се сметаат дека се по вина на судот.Првата е поради отсуство на Судијата-професионалец а втората е поради отсуство на судијата – поротник.

Она што Судот може да го тврди е тоа дека одлагање на судските рочишта поради отсуство на Судија-професионалец е минимално, односно по исклучок.

Проблемот го детектираме восудиите-поротници кои не се професионални судии (тие се претставници на граѓаните во судските постапки). Ценам дека во моментов судиите-поротници претставуваат најслабата алка во една судска постапка.

 

Имено, во повеќе наврати од страна на судиите-поротници во фаза на завршни зборови во предмети за кои во јавноста има огромно интересирање беа поднесувани барања за престанок на функција судија-поротник од „лични причини“ (без посебно образложение), поради што постапката по предметите започнуваше од почеток.

Потребно е да се изнајде решение согласно кое ќе се овозможи поголема контрола врз судиите поротници, односно регулатива со која ќе се утврдат прецизно правата но и одговорностите на судиите поротници, се со цел во иднина да се оневозможи евентуалната злоупотреба при вршењето на својата функција.

            Како една од причините за одолговлекување на постапките, често пати се јавуваше и преклопувањето на расправите во кои учествуваат исти странки – обвинети или бранители.

Таков е примерот со „Титаник 1“ кој често пати се одлагаше за сметка на предметот „27-ми Април“. Имено, овие два големи предмети со по 30-тина обвинети, имаа еден заеднички обвинет, кој беше пречка во исто време да се овозможи судење и на двата предмети.

Слична е ситуацијата и со повеќе други предмети иницирани од СЈО, бидејќи за еден ист обвинет се поднесени повеќе обвиненија, што реално допринесува за одолговлекување на тие постапки. Судот во вакви околности мора да внимава на обвинетиот со повеќе процесуирани обвиненија да му овозможи доволно време за припрема на секоја засебна одбрана односно ефикасна одбрана за секое обвинение, кое нешто пак допринесува рочиштата да не се насрочуваат ден за ден.

Сличен е проблемот и со бројот на Судии во Кривичниот суд кои постапуваат во Одделот за организиран криминал. Бројот од 9-девет Судии сметам дека е недоволен за бројот на поднесени обвиненија од СЈО, бидејќи повеќето од предметите иницирани од СЈО се водат во овој Оддел, односно 16 иницирани предмети се водат во Одделот за организиран криминал, а 10 иницирани предмети се водат во Одделот Кривично полнолетни. Ова упатува на бројката дека од страна на СЈО се подигнати вкупно 26 обвиненија, од кои дополнително согласно одредбите од ЗКП, раздвоени се 6-шест постапки, па вкупната бројка со раздвоените постапки изнесува 32 предмети иницирани и превземени од СЈО.

Всушност, во Одделот за организиран криминал станува збор за само 4-четири судечки совети кои постапуваат по 18обвиненија иницирани и превземниод СЈО, што ќе се согласите е премалку!

            Сосема на крај, согласно статистиката на Судот, до месец април 2020 година од поведени 32постапки, за период од само 2-две години во кој имаше две судски ферии, прекин на судењата заради Законот за Јавното обвинителство или СЈО и проблеми со споделување на обемни докази, превод на истите, здравствени проблеми на обвинетите, откажување на полномошна на адвокатите – бранителите на некои од обвинетите, најразлични приговори и барања за изземања од страна на одбраната, изведување на обемен доказен материјал, во Судот завршени се 17 предмети или 53 % од предметите иницирани од СЈО што сметаме дека е голем успех!

            Благодарам за вниманието и благодарам на ОБСЕ за одличната анализа!“

           

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_