СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Согласно чл. 67 ст.3 во врска со чл.7 ст.3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставија личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги изврши соодветните проверки, ги изработи Уверенијата и Потврдите и електронски ги достави решенијата до комисиите.
Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиднеција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време како и во текот на викендите, пред се затоа што голем дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11.09.2021 година за пријавување на кандидати.
Воедно судот, за овој период, доследно ги почитуваше и роковите за прием, проверка и изработка на Уверенија и Потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите, па во тој правец, а воедно и согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, како суд, уште еднаш апелираме за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на Уверенијата и Потврдите.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.