СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
17.10.2018
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство...
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство изјавена против решенија на судија на претходна постапка, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, a се потврдува решението на судија на претходна постапка. По однос на став 2 од жалбата, а по службена должност, со решението на советот на осомничените Р.Д. и Т.Г. се опредлува дополнителна мерка на претпазливост и тоа Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.