СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
13.4.2021
Основниот кривичен суд Скопје, заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информира јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 14.04.2021 година, се одлага заради изолација поради Ковид тест на членови на судечкиот совет и странки во постапката.
Главната расправа ќе продолжи на 04.05.2021 година во 12:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, а за евентуални промени на терминот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.