СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
04.2.2025
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување присуство против 6 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а приведени во меѓународната акција со кодно име „Вардар“ , по произнесување на обвинителот и обвинетите во присуство на нивни бранители донесе решенија со кои:
Предлогот на Јавниот обвинител се прифаќа и на М.М., Б.Ј., Е.Б., С.Б., З.Б. и Т.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 точки 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоците или дека ќе го повтори делот или ќе стори ново.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.