СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З.М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител.
Денеска (24.09.2019 год.), по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор.
Со оглед да жалбата не го одлага извршувањето, решението е испратено до странките, а обвинтиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.