СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  19.6.2019
По барање на повеќе медиуми ја информираме јавноста дека денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше објавена пресудата за предметот со К.бр. 1249/16 за сообраќајната несреќа која на 18 септември 2015 година се случи на булеварот Илинденска кај градскиот парк во која животот го загуби 13 – годишен велосипедист. ...

По барање на повеќе медиуми ја информираме јавноста дека денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше објавена пресудата за предметот со К.бр. 1249/16 за сообраќајната несреќа која на 18 септември 2015 година се случи на булеварот Илинденска кај градскиот парк во која животот го загуби 13 – годишен велосипедист.

Со пресудата обвинетата М.Л. се огласува за виновна за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 4 од КЗ и е осудена на казна затвор во траење од 3 години.

Во текот на постапката беа изведени 6 вештачења, а судот, како што беше наведено и при објавата на пресудата, смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на Законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје.

Со почит Основен кривичен суд – Скопје.  

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_