СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Основниот кривичен суд Скопје, во правец на препораките на Владата на РСМ и известувњето на Министерството за правда и Судскиот совет -судењата во Кривичниот суд за кои постојат услови за одржување да не се одлагаат, ги информира граѓаните дека денеска 13.03.2020 година во 17:00 часот ќе се врши темелна дезинфекција на сите судници и останати простории во судот.
Вакви дезинфекции од специјализирана фирма ќе се вршат секој петок се додека постои опасност од ширење на вирусот, а во меѓувреме судските служби за одржување, согласно препораките, секојдневно ќе вршат чистење на судот по неколку пати во текот на работниот ден. Воедно сите судски полицајци и службеници кои имаат директен контакт со странките задолжително носат стерилни ракавици, а за странките се обезбедени средства за дезинфекција.
Како што информиравме и претходно, Кривичниот суд ќе продолжи со судење на сите расправи за кои постојат услови за нивно одржување се до добивање нови напатствија од Министерството за правда и Судскиот совет и испрати апел до странките и тие доследно да се придржуваат до препораките за заштита.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.