СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Njoftim për opinionin  |  16 Nën 2018
Во однос на барањето од кабинетот на Претседателот на Р.Македонија, Ѓорѓе Иванов, доставено до Основниот суд Скопје 1 – Скопје...

Во однос на барањето од кабинетот на Претседателот на Р.Македонија, Ѓорѓе Иванов, доставено до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со кое се бара судот да достави службени белешки од МВР – УБК кои се дел од предмет заведен во судот, ја информираме јавноста дека ваквото барање судот неможе поинаку да го разбере освен како обид за директно мешање во независноста на судот.

Во таа смисла до кабинетот на Претседателот на Р.Македонија судот денеска достави известување со кое бара најпрво во однос на ова барање судот да биде известен дали барањето е лично од Претседателот или од друго лице во кабинетот на Претседателот кое е потпишано на барањето. Но, воедно истакната е и потребата  да се појасни од кои причини се бара на увид службена белешка и од каде Претседателот на Р.Македонија ја црпи надлежноста да бара увид во судски докази и тоа во фаза на постапување по поднесен обвинителен акт и определни мерки за обезбедување присуство.

За судот е важно да се обезбеди и истакне независноста во судското постапување и не мешање во судските одлуки.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_