СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  01.7.2017
Почитувани. Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, вчера во 21:40 часот, од странана на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) беа доставени два нови обвинителни акта и тоа КОК – ООА 27/17 поврзан со предметот во јавноста познат како „Титаник“ и обвинителен акт КОК – ООА 28/17 во кој се опфатени предметите во јавноста познати како „Таргет“ и „Тврдина“.

Двата обвинителни акта веќе се распоредени, согласно електронскиот систем за водење предмети, на оценка кај судиите Ивица Стефановски и Горан Бошевски, а со оглед да во двата предмета до судот доставени се и предлози за определување мерки за обезбедување присуство, предметите се доделени во работа на кривичните совети кои треба да одлучат по истакантите барања.

За сите овие предмети, како и претходно, јавноста ќе биде благовремено информирана откако ќе биде донесена одлука, истата ќе биде писмено изработена и доставена до странките во постапката.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_