СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  22.10.2019
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј....

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од  нивните бранители, за укинување на мерката притвор определена со решенија на судии на претходна постапка, ценејќи ги фактите и околностите во предлозите донесе решенија со кои:

-Предлогот на обвинетата К.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решнија на кривичен совет, поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП, со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост – СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

-Предлогот на обвинетиот Б.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост – СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Против овие решенија странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот уд – Скопје.

Со почит Основен кривичен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_