СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  18.3.2020
Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека денеска и во петок 20.03.2020 – та година ќе врши темелна дезинфекција на суднцитие, ходниците, санитарните јазли, шалтерите и сите останати простории во новата и старата зграда.

Согласно препораките на Владата на РСМ овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба за истото. Воедно за заштита од ширење на корона вирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска.

Како суд уште еднаш упатуваме апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.

Судот во текот на денот ќе ја информирма јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.

Со почит Основен кривичнен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_