СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  26.10.2020
По повод Европскиот ден на правдатата, Основниот кривичен суд Скопје, почитувајќи го Протоколот за заштита од ширење на КОВИД – 19 вирусот, организираше посети на студенти од Правниот факултет при Универзитетот на југоисточна Европа како и членови на Здружението на млади правници.

Студентите имаа можност да се запознаат со начинот на работа на судот преку судските писари, судските оддели и одделенија, да ги посетата судниците каде им беше презентирана техничката опрема за аудио – визуелно снимање на расправите, презентација на докази и сослушување на заштитен или загрозен сведок.

Воедно студентите беа информирани за досегашните проекти кои судот ги спроведе со Невладините организаиции и студентски двежења како Канцеларијата за анонимизација на судски пресуди,  отворениот ден за бесплатна правна помош и добија покана во иднина да присуствуваат  на јавните судски расправи како и да ја искористат можноста за волонтриање и стажирање како дополнителана практична настава.

Судот ја користи оваа прилика да ја информира јавноста дека во текот на оваа година, и покрај предизивиците од пандемијата, Кривичниот суд продолжи со заложбите за транспарентност и отчетност, доследно почитување на Уставно загарантираните права и обврски на странките во постапката и граѓаните кои имаат побараувања од судот по било кој основ и соработка со медиумите и невладините органзации, па во тој правец судот во изминатите 9 месеци има објавено 50 сооштенија за јавност, одржани два бирфинга со Претседателот на судот, одговороени 47 прашања и 29 барања за информации од јавен карактер од граѓани и секојдневна комуникација со медиумите.

Кривичниот суд останува отворен за соработка и ги охрабрува граѓаните сите свои прашања да ги постават преку порталот sud.mk или да се обратат со писмено барање до судот.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_