СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната - се уважува.
Во решението е наведено дека, извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ.
Со почит Основен кривичен суд – Скопје.