СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
I.
Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на К.М. обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на Р.М. со кое решение ја уважил жалбата на обвинетиот, изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор, определена со решение на Врховен суд на Р.М., продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје, а се определуваат мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга.
II.
Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“ ,од Апелациониот суд - Скопје денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката.
Со почит Основен суд Скопје 1 - Скопје.