СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
20.6.2019
По барање на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд - Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“...
По барање на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд - Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор.
Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа.
Со почит Основен кривичен суд – Скопје.