СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје на ден 21.08.2019 година беше спроведено лицето К. Ј. со предлог за определување на мерка притвор заради основано сомнение дека ја злоупотребило службената положба и овластување.
По произнесување на спроведеното лице и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решение со кое на лицето му определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед да смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП.
Постапувајќи по жалбата изјавена против решението на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје на ден 22.08.2019 година, одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбата ја одби како неоснована, а решението на судија на претходна постапка ги потврди во целост.