СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  23.8.2019
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје на ден 21.08.2019 година беше спроведено лицето К. Ј. со предлог за определување на мерка притвор заради основано сомнение дека ја злоупотребило службената положба и овластување.

По произнесување на спроведеното лице и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решение со кое на лицето му определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед да смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП.

Постапувајќи по жалбата  изјавена против решението  на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје на ден 22.08.2019 година, одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбата ја  одби како неоснована, а решението на судија на претходна постапка ги потврди во целост. 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_