СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судечкиот судија, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост за 12 лица опфатени во обвинителниот предлог, и нивно произнесување во однос на предлогот на рочиште вон главна расправа, донесе решенија со кои, предлогот за определување меркa за претпазливост и тоа Обврска овинетите еднаш неделно да се јавуваат кај определено службено лице во судот согласно чл. 146 став 1 точка 2 од ЗКП се уважува, а во слуичај на непридржување кон определната мерка, судот ќе определи построга мерка.
Во однос на предлогот на ЈО за определување мерка– Привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница, согласно чл. 146 ст.1 т. 3 од ЗКП, не се уважува од причина што во конкретниот сличај, не се исполнети условите од чл. 147 ст.3 од ЗКП односно обвинителот не достави доволно докази, индиции и аргументти кои укажуваат на објективна опасност од бегство, како и докази кои упатуваат дека истите се имотни кој имот може да ги искористат за да се дадат во бегство. Судот го ценеше и фактот дека обвинетите уредно и навремено се јавувале на сите покани на ОЈО што беше потврдено и од самиот обвинител, доброволно ги депонирале патните исправи до судот уште пред рочиштето за определување мерки за претпазливост, а дел од обвинетите доставиле и докази дека во следниот период имаат неодложни служебни обврски во земјата и во странство како претставници и членови на Олимпискиот и комитет и Собранието на РСМ. Заради сето тоа, а и во смисла на одлуките на ЕСЧП, судот смета дека присуството на обвинетите во понатамошниот тек на постапката може да се обезбеди и само со определната мерка за претпазливост.
Против овие решенија дозволена е жалба до Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена по приемот на решението.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.