СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  29.9.2017
Почитувани I. Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор ...

Почитувани

I.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против лицето И.Ј. за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од  КЗ и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од КЗ, судија на претходна постапка по произнесување на лицето во врска со предлогот како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена врз основа на член 165 ст1. т. 1, 2 и 3 од ЗКП.

II.

Во рамки на проектот за размена на искуства меѓу судии од Соединетите Американски Држави и Република Македонија, имплементиран во соработка со Здружението на судии на Р.Македонија, во текот на наредната недела, американскиот федерален судија Пол Г. Бајрон ќе го посети Основниот суд Скопје 1 – Скопје, каде ќе одржи средба со судии од овој суд и ќе присуствува на главна расправа на неколку предмети, со цел запознавање со начинот на работа на Кривичниот суд во Скопје.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_