СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  31.10.2025
Говор на В.Д. Претседателот на Кривичниот суд Скопје, поврзан со предизвиците за судењето на предметот за пожарот во Кочани.

В.Д. Претседателката  на Основниот Кривичниот суд – Скопје, денес се обрати на Годишното собрание на Здружението на судии на РСМ, истакнувајќи дека Кривичниот суд, но и целиот судски систем  во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик , односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од  исклучителна сложеност и општествена важност.

Пред колегите од Врховниот, Апелационите и другите судови во земјата како и членовите на Судскиот Совет на РСМ беше истакнато дека :

Овој процес нема да биде само тест на нашата правна подготвеност, туку и на нашата издржливост, професионалност и независност. Секој од нас е свесен дека ваквите предмети се следат со големо внимание од јавноста, но тоа само дополнително ја нагласува нашата одговорност да останеме доследни на принципите на правдата и владеењето на правото.

Верувам дека како заедница на судии, обединети во истите вредности и стандарди, ќе покажеме дека судството има сила, интегритет и знаење да се справи со секој предизвик — без притисоци, без страв и без компромиси со вистината.

Да продолжиме да бидеме пример на професионалност, достоинство и меѓусебна поддршка. Само така можеме да ја зацврстиме довербата во нашата работа и во правосудниот систем.“

Кривичниот суд воедно побара од надлежните судски инстанци целосно да се вклучат, секој со своите ингеренции, во поддршка на судот за организација и обезбедување услови за ефикасно водење на конкретната постапка со доследно почитување на правата на странките како и присуство на јавноста, а во тој правец ги повика и навреме да реагираат и надлежните Министерства.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_