СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  02.5.2018
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Д.Л. и М.П. ...

I.

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на Д.Л. и М.П. опфатени со обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на Р.Македонија за укинување на мерката притвор, советот донесе решенија со кои за обвинетиот Д.Л. го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција со кое решение по правосилноста и запишување на гаранцијата во катастар, мерката притвор се укинува, а дополнително се определуваат и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патнатата и друга исправа за преминување на државната граница и обврска на обвинетиот да се јавува на службено лице во судот. За обвинетиот М.П. решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор и замена за куќен притвор со прифаќање гаранција, се одбива како неоснован.

Против овие решенија странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд – Скопје.

II.

Врховниот суд на Р.Македонија, постапувајќи по барање на одбраната во предметот со КОК бр. 7/18, од обвинителството означен како „Титаник“ за иземање на ВД претседателот на Апелациониот суд – Скопје Лидија Димчевска во постапка за изземање на претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје, на 27.04.2018 година донел решение со кое бараењето за иземање на ВД претседателот на второстепениот суд се ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН.

Врз основа на ова решение, а постапувајќи по барање на одбраната за иземање на претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје Иван Џолев, В.Д. претседателот на Апелациониот суд – Скопје на 30.04.2018 година, донел решение со кое барањето на одбраната се ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНО.

Во текот на денешниот ден, по добивање на овие решенија и  надлежност за постапување, претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по барање на одбраната за иземање на судечкиот совет кој постапува во предметот со КОК бр. 7/18 означен како „Титаник“, донесе решение со кое, барањето за иземање се ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Сите решенија се експедирани до странките во постапката.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_