СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  04.11.2019
Советот за оценка на обвинителн акт кој постапува по актот во јавноста поврзан со „Организација на настаните од 27 – ми април 2017 год.“ ...

Советот за оценка на обвинителн акт кој постапува по актот во јавноста поврзан со „Организација на настаните од 27 – ми април 2017 год.“ по барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната и дозволи увид во комплетниот доказен материја.

Имено одбраната истакна дека обвинителството во досегашниот тек на постапката не им дозволил увид во сите списи од предметот па со цел заштита на правата на странките, судот во согласност со одбраната на 11 – ти ноември дозволи во текот на целиот ден да вршат увид во списите. Со оглед да ниту обвинителот ниту одбраната не можат порано да присуствуваат на термини кои им беа понудени од советот, седницата за оценка на обвинителниот акт е закажана за 06.12.2019 година.

Воедно на денешното барање на одбрната за присуство на јавност на седницата, советот ги извести странките дека, иако од претходно закажано, до сега никој не се обратил со барање за присуство на јавноста на конкретната седница и советот нема донесено решение за исклучување на јавноста, а по добиено конекретно барање советот дополнително ќе се произнесе, со оглед да денешната седница беше одложена.

Претходно, како што неколку пати досега преку соопштенија и брифинзи со новинарите судот извести дека одбраната во конкретниот предмет поднесе барање за иземање на сите судии кај кои согласно АКМИС – системот беше распределен актот, бидејќи истите учествувале во други постапки поврзани со кривично – правениот настан. Со оглед да беа исполнети условите од ЗКП, барњата беа уважувани и беа иземени 8 од 9 судии во Одделението за организиран криминал и корупција. Се со цел да не се дозволат дополнителни одолговлекувања на оценката, предметот беше рапределен кај совет од одделот Кривично полнолетни и беше закажана седицата.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_