ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2019 за избор на 20 судии поротиници
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2019 за избор на 20 судии поротиници
Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06, 62/06, 35/08, бр.150/10 и 83/2018), како и член 46 од Законот за судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија" број 60/2006, 150/10, 100/11, 20/15, 61/15, 197/17 и 83/18), Основниот суд Скопје I Скопје објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2019
за избор на 20 судии поротиници
Основниот суд Скопје I Скопје на Судскиот Совет на РМ ќе му предложи 20 кандидати за избор на судии- поротници за време од 4 години.
Заинтересираните кандидати за избор на судија - поротник потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во член 42 став 2 и 3 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр. 8/06, 62/06, 35/08, 150/10 и 83/2018) и тоа:
- за судија-поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.
- судијата поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието за млади
Заинтересираните кандидати потребно е со пријавата да ги достават следните документи во оригинал или заверени на Нотар:
-Уверение за завршено образование,
-Уверение за државјанство,
-Потврда од казнена евиденција и
-Изјава дека со судија, судија - поротник во овој суд или со член на Судскиот совет на Република Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, заверена на Нотар.
Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Заинтересираните кандидати пријавата во прилог со потребните документи и контакт телефон можат да ја поднесат, во писмена форма преку приемното одделение на Основниот суд Скопје 1 Скопје или по пошта на адреса бул.Гоце Делчев б.б, Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр.2/2019 за избор на судии поротници).
ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ I СКОПЈЕ
Претседател на судот
Иван Џолев