СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  25.10.2019
Европскиот ден на правдата 25-ти октомври во Основниот кривичен суд Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје, по повод Европскиот ден на правдата 25-ти октомври, денеска организираше Отворен ден на судот на кој присуствуваа студенти од Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје. Студентите имаа можност да се запознаат со начинот на работа на судот преку судските писари, судските оддели и одделенија, да ги посетата судниците каде им беше презентирана техничката опрема за аудио – визуелно снимање на расправите и да присуствуваат на судење од одделението за организиран криминал и корупција.

Воедно  студентите остварија средба  со судијата Александра Ристеска на која разговараа за текот на една кривична постапка и предвизиците со кои се соочува судот за време на главната расправа, како и средба со новинарот Васко Маглешов во однос на значењето на транспаретноста на судиите и обвинителите и јавноста во судските постапки.

Основниот кривичен суд Скопје, ја искористи оваа прилика да ги повика студентите од правните факултети во земјата со цел дополнителана практична настава да присуствуваат  на јавните судења, да ја искористат можноста за волонтриање и стажирање во нашиот суд кој останува отворена за соработка во правец на заложбите за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_