СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  13.3.2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ Основниот кривичен суд Скопје ги известува сите граѓани дека, согласно препораките на Владата на РСМ за спречување на ширење на „корона вирусот“ како и заклучокот на Министерството за правда, судот доследно ги почитува препораките и ги презема сите мерки за заштита на вработените и странките кои се движат во рамки на судот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Основниот кривичен суд Скопје ги известува сите граѓани дека, согласно препораките на Владата на РСМ за спречување на ширење на „корона вирусот“ како и заклучокот на Министерството за правда, судот доследно ги почитува препораките и ги презема  сите мерки за заштита на вработените и странките кои се движат во рамки на судот. За таа цел сите вработени кои изминатиот период биле надвор од земјата како и сите бремени жени, хронично болни, како и родители на деца помали од 10 години, а кои побарале ослободување, се ослободени од работа. Судниците, шалтерите, ходниците, лифтовите и тоалетите секојдневно се чистат и дезинфицираат од службите за одржување.

Но, со цел доследно почитување на препораките, судот апелира и до сите граѓани кои се јавуваат како странки во постапки или имаат било каква достава или барање до судот, како и сите обвинители, вештаци, сведоци, полициски службеници, претставници на невладините организации и медиумите и пред се адвокатите кои се најчести  „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат и да се водат по препораките на Владата. Доколку некој адвокат, обвинител, вештак или сведок во постапка изминатиот период бил во земји кои се од висок ризик на зараза или препорачана им е самоизолација - за нивната спреченост, со прилог соодветна документација за спреченоста, електронски да го известат судот. Се работи за сопственото здравје, но се работи и за здравјето на сите останати со кои може да имате контакт во судот.

Воедно ја информираме јавноста дека сите закажани судења, за кои постојат услови  да бидат одржани, нема да се одлагаат, се до евентуално нови напатствија од Министерството за правда или Судскиот совет на РСМ. Но, заради заштита на правата на обвинетите и оштетните во сите постапки, судот апелира  дека било какви злоупотреби на препораките за заштита од „корона вирусот“ со единствена цел - одолговлекување на судењата нема да се толерираат и строго ќе се санкционираат.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_