СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  18.10.2019
Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со предметот од обвинителството означен како „Насилство - Општина Центар“, доставениот одговор го објавуваме во целост:

Во однос на вашите прашања, а по извршените проверки ве информираме дека со промена на годишниот распоред за работа предметот од 16.01.2018 - та година е даден во работа на судијата кој сеуште го води и досега биле закажани вкупно 34 продолженија на главната расправа од кои 20 се одржани, а 12 се одложени. Најчеста причина за одложување на расправите е заради отстуство на некој од обвинетите па заради тоа и заради целесообразност, постапката за двајца од обвинетите е раздвоена. Дополнително на дел од одложените расправи не бил спроводен еден од обвинетите кој се наоѓа во куќен притвор иако за спроводот судот издал уредна наредба. Последните три расправи беа одложени со оглед да предметот од СЈО  беше превземан од Јавното обвинителство на РСМ , а потоа беше доставен на разгледување во Судскиот совет на РСМ по нивно барање, па заради истек на 90 дена на минатата расправа судењето почна од почеток.

Во однос на наводите дека предметот може да застари, истиот според проверките застарува во јуни 2023 – тата година.

Што се однесува до критиките упатени до начинот на водење на постапката во конкретниот предмет кои беа лиферувани во јавноста, судот со сериозност ги разгледува и доколку се утврди дека критиките се основани веднаш ќе преземе соодветни мерки и ќе го извести Судскиот совет се со цел доследно почитување на Законските одредби и правата и обврските на странките во постапката како и јавниот интерес за предметот. Но, воедно треба да се имаат во предвид и останатите околности кои не се по вина на судот, предлозите и барањата на странките како и обемниот доказен материја предложен во предметот кој треба да биде изведен и кои исто така придонесуваат за времетраењето на постапката.

По однос наводите во јавноста дека со новото отпочнување на предметот,  сведоците ќе бидат повторно повикани на распит, судот укажува дека досегашната пракса ,кога судењето почнало од почеток, а не е променет судечкиот совет е таква што исказите на сведоците се читаат на записник без нивно повикување па во таа смила судот не очкува ново одолговлекување заради овие причини.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_